Дозволата се однесува само на клубовите кои се од федералните држави каде се олеснети мерките против пандемијата
Раководството на НБА лигата им овозможи на клубовите од 1 мај повторно да ги користат нивните центри за тренинг. Ова го објави новинарот на ЕСПН, Адријан Воинаровски, на Твитер.
Клубовите од државите кои ги олеснија мерките воведени поради пандемијата на коронавирус ќе можат повторно да ги користат нивните сали за тренинзи.
Ваквата одлука не значи дека натпреварите во редовна сезона во НБА лигата ќе продолжат. Прашањето за рестартирање на сезоната сè уште не е решено.
Во исто време, центрите за тренинг ќе бидат отворени само за индивидуална работа, но групните активности сè уште се забранети.
*Поврзана вест