Според Зекири, лидерска средба за иницијативата за свикување на Собранието, не е опција
Уставот во вонредна состојба овозможува свикување на Собранието, вели Мухамед Зекири од СДСМ во интервју за ТВ24, коментирајќи ја иницијативата со која се бара пратениците да се вратат во законодавниот дом и да ги потврдат одлуките на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба.
На прашањето дали Уставниот суд ќе биде следна адреса за ова барање, Зекири не одговори конкретно, но вели сите опции се отворени.
Тој порача дека на средбите кај Пендаровски се обиделе да го убедат собранискиот спикер Талат Џафери да го свика парламентот, а ако не се изјасни за иницијативата вели ќе си ја сноси одговорноста.
„Ние мора прво да го почекаме официјалниот став на Талат Џафери, па ќе видиме кои чекори може да ги преземеме и кои средства ни стојат на располагање. Ако Џафери не одговори, тој ќе си ја сноси одговорноста, тој е одговорен за оваа работа, на сила никој не може да го убеди да направи нешто. На негова одговорност е како ќе постапи“,
изјави Зеќири.
За обвинувањата на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ дека преку Собранието власта сака да ги покрие „незаконските уредби донесени за време на вонредната состојба“, Зеќири порача дека, опозицијата може за тоа да дебатира во Собранието.
„Мицевски се однесува како ВМРО-ДПМНЕ да не е дел од власта. Ако е така како што вели, за да не се дозволи Владата да продолжи на таков начин да функционира, затоа ја покренавме иницијативата, за во Собранието за се што е потребно да се разговара и Собранието да биде контролно тело“,
порача Зеќири.
Коментирајќи ги ставовите на Груби и Мицевски дека за иницијативата треба политички консензус, Зекири порача дека лидерска средба за ова прашање не е опција.
„Нема потреба од лидерска средба, очигледно овие две партии се навикнати лидерите да одлучуваат за се“,
изјави Зекири.
Поврзани вести:
Груби: Дебатата за свикување на Собранието е непотребен законски лавиринт
Мицкоски во „360 степени“: Апелирам до Пендаровски да свика нова лидерска средба
Барањето за итна собраниска седница стигна во Собранието, на потег е Џафери