Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, информираат од Обвинителството
Основното јавно обвинителство, по итна постапка, донесе наредба за спроведување кривична истрага против првоосомничениот во убиството на Вања Ѓорчевска, Љупчо Палевски-Палчо кој е во бегство, и достави предлог за определување мерка притвор.
„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – грабнување од член 141 и убиство од член 123 од Кривичниот законик. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“,
информираат од Обвинителството.
По Палевски веќе е распишана меѓународна потерница.
„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела грабнување и убиство по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“,
стои во информацијата објавена на веб-страницата на МВР.
Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција ги соопштија досегашните сознанија за грозоморните убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.
Тие, во салата во Јавното обвинителство полна со новинари, дадоа своевидна хронологија и реконструкција на настаните, според досега собраните докази.
Притоа, двајцата нагласија дека досегашните информации и сознанија ги темелат главно на исказите на двајца од тројцата осомничени на кои им е одреден 48-часовен притвор, а дел од нив се поткрепени и со материјални докази обезбеди во досегашниот тек на истрагата.
Првоосомничен за убиството е скопјанецот Љупчо Палевски-Палчо кој е во бегство и се смета дека е надвор од државата и по кого во момнетот кога предистражаните дејствија ќе преминат во истрага, ќе биде распишана потерница. Тој, според досегашните сознанија, ги испукал куршумите со кои е усмртено девојчето, кое потоа е закопано во атарот на селото Бразда во Општината Чучер Сандево, како и велешанецот Панче Жежовски.
„Според првичните сознанија, лицето кое е надвор од државата е организаторот и реализатор“,
рече шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски.
На дополнително новинарско прашање за тоа во која смисла го вели тоа, Бубевски одговори:
„На испалувањето на куршумот“.
(ВО ДЕТАЛИ) Што досега е познато за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче
Петтиот за кого, како што посочи Бубевски, постојат основи на сомнение дека е вмешан во случајот, е таткото на Вања, кој синоќа беше приведен во полициска станица и кој според исказите на двајцата осомничени, на првоосомничениот Палевски му ги дал информациите кога Вања ќе излегува за на училиште, дека ќе биде сама… Тоа ним им го тврдел Палевски.
Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека до моментот нема информации оти на бугарска територија е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.
„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“,
соопшти МВР на Бугарија, јави БТА.
Бугарско МВР: Нема информации дека Палевски е на бугарска територија
БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени во Северна Македонија за убиство на 14-годишно девојче од Скопје и 74-годишен велешанец.
Информацијата дека осомничениот за убиството Љупчо Палевски е во Бугарија ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
* Поврзани вести:
- Бугарско МВР: Нема информации дека Палевски е на бугарска територија
- (ФОТО) Телма стигна до локациите каде што биле закопани Вања и Панче
- Палевски имал серија кривични пријави, од даночно затајување до илегално оружје и прислушување
- Кој е Љупчо Палевски – првоосомничениот за двојното убиство
- Го однел во Белград на преглед, не знаел дека е вмешан во грабнувањето и убиството на Вања, тврди адвокатот на Палевски
- Првоосомничениот за убиството на Вања заминал од земјава со својот адвокат, прво за Белград, а потоа за Бугарија
- Вања била грабната од влезот на зградата, со врзани раце и нозе, во вреќа за спиење била ставена во гепек и однесена надвор од Скопје
- Бубевски: Тројца од петтемина осомничени го признаа делото