По утврдените околности на настанот, Обвинителството вчера поднесе обвинение за три кривични дела против 31-годишникот и побара да му биде одредена мерка притвор
На барање на Обвинителството, Основниот суд во Охрид му одреди 30-дневен притвор на 31-годишниот охриѓанец К.К. против кого е поднесено обвинение за нападот врз својата 26-годишната партнерка.

Обвинителството вчера поднесе обвинение за три кривични дела против 31-годишникот и побара да му биде одредена мерка притвор. Обвинението се однесува за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Според наводите на Обвинителството, тој противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на својата партнерка.
Oд Обвинителството вчера соопштија дека за осомничениот е доставен предлог за определување мерка притвор по утврдените околности во предметот. Изказ во присуство на социјални служби вчера дала и претепаната девојка, а јавен обвинител издал наредба за вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди.
