Српскиот претседател повторил и дека секое признавање на еднострано прогласената независност на Косово не е прифатливо за Србија, бидејќи таа е цврсто посветена на почитување на меѓународното право и зачувување на националните и државните интереси
Србија останува посветена на зачувувањето на мирот и стабилноста, додека властите во Приштина продолжуваат со секојдневниот прогон на српското население, особено на северот на Косово и Метохија, што доведува до етничко чистење на српскиот народ.
Ова денеска го посочил српскиот претседател Александар Вучиќ на состанокот со рускиот амбасадор Александар Боцан-Харченко во Белград, на која се разговарало за неодамнешните разговори во Брисел и ситуацијата на Косово и Метохија и посочи дека секое признавање на независноста на Косово е неприфатливо за Србија.

Вучиќ повторил и дека секое признавање на еднострано прогласената независност на Косово не е прифатливо за Србија, бидејќи таа е цврсто посветена на почитување на меѓународното право и зачувување на националните и државните интереси.
Вучиќ и Боцан-Харченко посочија дека од суштинско значење е да се формира Заедницата на српски општини.
Вучиќ изрази благодарност за постојаната поддршка што Русија ја дава на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија во Обединетите нации и другите меѓународни форуми, се додава во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.
Соговорниците истакнаа дека српско-руските односи успешно се развиваат, со надеж дека ќе продолжи сеопфатната соработка.
Вучиќ вчера распиша вонредни парламентарни избори за 17 декември.
Локалните избори вчера беа распишани и во Белград и во 64 други градови и општини во Србија.