И Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) алармираше поради зголемениот број смртни случаи на деца во Појасот Газа, како и да престане убивањето на децата
УНИЦЕФ повика за итен прекин на огнот и хуманитарен пристап до резервите за енклавата, велејќи дека децата во Газа умираат не само поради воздушните напади туку и поради недостатокот на потребната медицинска нега
Повеќе од 3 600 деца се убиени во Газа од 7 октомври, објави тамошното Министерство за здравство.
И анализите на „Асошиејтед прес“ ги потврдуваат овие податоци, според кои до 26 октомври биле убиени 2 001 дете на возраст до 12 години, вклучувајќи 615 кои биле на три или помалку години.
Речиси половина од 2,3 милиони жители на Појасот Газа се помлади од 18 години и децата сочинуваат 40 отсто од оние што досега загинале во војната.

Од Светската хуманитарна организација „Спасете ги децата“ велат дека повеќе од 3 000 деца се убиени во Газа за три недели.
„Тоа го надминува годишниот број на деца убиени низ конфликтните зони во светот од 2019 година. Итно ни треба вашата поддршка за заштита на децата“,
соопштуваат оттаму.
И Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) алармираше поради зголемениот број смртни случаи на деца во Појасот Газа, како и да престане убивањето на децата.
„Наводно повеќе од 3 450 деца се убиени, а бројките неверојатно се зголемуваат секој ден. Газа стана гробишта за илјадници деца. Тоа е жив пекол за сите “,
рече портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, на брифингот за медиумите на ОН во Женева.
Елдер го повтори повикот на УНИЦЕФ за итен прекин на огнот и хуманитарен пристап до резервите за енклавата, велејќи дека децата во Газа умираат не само поради воздушните напади туку и поради недостатокот на потребната медицинска нега.
Во нападот на Хамас се убиени околу 1 400 луѓе и меѓу нив имало и бебиња и мали деца, а околу 30 деца се земени како заложници.
Израел тврди дека воздушни напади се насочени кон локации и инфраструктура на милитантите на Хамас и ја обвинува групата дека користи цивили како жив штит.
Исто така, Израелците велат дека повеќе од 500 проектили испукани од палестинските милитантни групи по грешка паднале во Газа, убивајќи непознат број цивили.