Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „360 степени“ велат дека на велосипедистот и на детето им се констатирани телесни повреди, но по укажана лекарска помош се пуштени на домашно лекување
Автомобил марка „бмв“ удрил во велосипедист, а потоа велосипедистот во количка за дете, во која имало дете, на раскрсницата кај „Мајчин дом“ во скопската населба Аеродром.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за „360 степени“ велат дека на велосипедистот и на детето им се констатирани телесни повреди, но по укажана лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
„Пријавена сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски таблички, управувано од С. С. (58) од Ресен и велосипед управуван од малолетник, по што од ударот по инерција велосипедот удрил во Б. И. М. (37) и количка за дете, во која имало дете. На велосипедистот и детето им е укажана лекарска помош и констатирани им се телесни повреди, по што се пуштени на домашно лекување“,
велат од МВР.