Османи упати нов предлог до опозициската партија коментирајќи го повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијна Мицкоски, кој вчера го повика примерот Ковачевски да земе бел лист хартија и да го напише кој било датум помеѓу двата најголеми верски празника (Велигден и Рамазан бајрам н.з.) идната пролет и на еден трошок да се одржат парламентарните и претседателските, односно тие да бидат заедно
На дополнително прашање што доколку ВМРО-ДПМНЕ опстои на цврстиот став против уставните измени, кој датум за изборите догодина би бил прифатив за власта и дали смета дека претседателските и парламентарните избори треба да бидат заедно, Османи изјави дека во таков случај треба да бидат земени предвид редовните термини, а другото се технички прашања и логистички пресметки
Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска прашан за коментар на предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до премиерот Димитар Ковачевски да избере датум помеѓу двата најголеми верски празника, Велигден и Рамазан бајрам, на кој на еден трошок би се одржале претседателските и парламентарните избори, одговори со друг предлог.

„Ако (ВМРО-ДПМНЕ н.з.) ги изгласаат уставните измени, ќе оставиме тие да одлучат кога ќе бидат изборите, кога и да сакаат – денеска, утре, задутре, веднаш после изгласување на уставните измени. Мислам дека ова е фер понуда од наша страна“,
рече министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Годишната конференција за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: Градење сајбер безбедност за сите“.
На дополнително прашање што доколку ВМРО-ДПМНЕ опстои на цврстиот став против уставните измени, кој датум за изборите догодина би бил прифатив за власта и дали смета дека претседателските и парламентарните избори треба да бидат заедно, Османи изјави дека во таков случај треба да бидат земени предвид редовните термини, а другото се технички прашања и логистички пресметки.
„Во тој случај мислам дека редовните термини треба да бидат земени предвид и веќе останува прашање на технички и логистички пресметки по однос на одржување на изборите отколку политички проценки. Политичка проценка е оваа понуда – нека ги изгласаат уставните измени ќе оставиме тие да одлучат за денот на избори, кога и да сакаат и за претседателските и за парламентарните избори. Доколку не, одиме на редовни избори. Дали ќе бидат заедно или одвоено е веќе прашање на логистика, техника и повеќе проценки на политичките партии да најдеме одреден консензус“,
изјави шефот на дипломатијата и висок функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Димитар Ковачевски да земе бел лист хартија и да го напише кој било датум помеѓу двата најголеми верски празника (Велигден и Рамазан бајрам н.з.) идната пролет и на еден трошок да се одржат парламентарните и претседателските, односно тие да бидат заедно.

Пораката Мицкоски ја испрати во неговото обраќање на настанот организиран од ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и јубилејот 130 години ВМРО, оценувајќи дека Владата преку одбегнување да се договори датум за избори, оди кон свесно предизвикување на уставна и политичка криза.
„Срамота е што преку медиуми се договараме и лиферуваме датуми за редовни избори. Разбирам кога велат дека Ковачевски никој не го слуша во Владата, зашто ниту министрите, вицепремиерите и кај него во партија му имаат почит. Затоа е оддаден на шетање по светот и компаниите. Но, мора да се договори датум за редовни избори. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно, во огромен број да им ја прати пораката на овие избори – нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени. Заветот на Организацијата и поинаквите цели кои мора да ги оствариме се да ја кренеме Македонија на здрави нозе“,
рече вчера Мицкоски.
Од СДСМ велат дека остануваат на нивниот став, кој како што велат е принципиелен и непроменет.
„Изборите ќе бидат наредната година во редовниот термин прво претседателски, а потоа и парламентарни. За точниот датум за одржување на овие избори прво за претседателските, а потоа и за парламентарните сме подготвени да разговараме на ниво на работни групи. Очекувам за брзо тие да се формираат и да почнат со работа“,
изјави вчера на прес-конференција пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер претходно бараше лидерска средба со Ковачевски на која би се разговарало за изборите догодина, прифаќа работни групи за утврдување на датумот за одржување на изборите во 2024 година.
Претходно, исто така минатата недела, премиерот Ковачевски изјави дека терминот на одржување на редовните претседателски избори, како и за редовните парламентарните избори треба да бидат предмет на дискусија меѓу сите партии, а не само меѓу две.
„За датумот на изборите тоа веќе е предмет на дискусија помеѓу сите политички парти, не помеѓу две политички партии. Секогаш Изборниот законик во државата и одржувањето на изборите се прават согласно закон, согласно Устав, согласно мандати. Оваа година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори“,
рече Ковачевски.