Министерот Османи ги осудува насилните напади на групата Хамас врз Израел и вели дека овие акти на терор мора веднаш да престанат
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги осуди нападите на Хамас врз Израел каде што загинаа најмалку сто Израелци и околу 200 Палестинци.
„Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“,
напиша Османи на социјалната мрежа „Икс“.
I strongly condemn violent attacks by group Hamas on Israel. Extending our full solidarity with Israel; these acts of terror must stop immediately
— Bujar Osmani (@Bujar_O) October 7, 2023
Претходно Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел и дека за повеќе информации на располагање се СОС-дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Израел +972-54-926-7378.
Осуда за нападот на Хамас денеска стигна и од ЕУ, Обединетите нации, НАТО. Во соопштенија тие ги осудуваат нападите на палестинската екстремистичка организација Хамас врз Израел и повикуваат на воздржаност и избегнување на цивилни жртви.
Според информациите од израелскиот министер за здравство, бројот на жртвите по нападот на Хамас се искачил на 100, а 985 луѓе се ранети и се во болници. Јавниот сервис Кан пренесува дека десетици ранети се во критична состојба.
Здравствените власти во Појасот Газа соопштија дека најмалку 198 лица загинале, а 1 610 се повредени во израелските воздушни напади.