Сообраќајната незгода се случила на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидрич“ и „Благоја Тоска“
Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна незгода што се случила попладнево околу 17:30 часот.
„Попладнево се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило ‘мерцедес’ со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ. Х. (21) од тетовска Стримница и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувала 24-годишната тетовка Е. З. Во несреќата, таа се здобила со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница“,
информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Сообраќајната незгода се случила на крстосницата меѓу улиците „Борис Кидрич“ и „Благоја Тоска“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
