Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало вкупно 26 пожари на отворено, од кои изгаснати се 23, а три сѐ уште се активни.

Од трите активни пожари два се во Општина Долнени кај село Црнилиште каде гори шума и еден во Општина Чашка меѓу селата Ореше и Богомила каде гори дабова шума и габер.
Изгаснатите 23 пожари биле во општините Долнени, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Желино, Брвеница, Тетово, Липково, Куманово, Валандово, Струга, Студеничани, Кисела Вода и Гази Баба.
