Лидерот на СДСМ денеска во изјава за Алсат М вели дека тој и членовите на неговото семејство кои се во изолација по контактот што тој го имаше со новинарот на Канал 5, кој е дијагностициран со коронавирус, немаат симптоми на ковид-19 и апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги почитуваат пропишаните мерки за превенција од коронавирусот.
„Нема симптоми кај мене ниту кај членовите на моето семејство со кои сме заедно во изолација. Се надевам дека и тестовите ќе бидат негативни за да може по празниците да се вратиме во нормално функционирање на работните обврски“,
вели Заев.
Тој во видеопораката додава дека очекува во текот на мај бројот на излекувани од ковид-19 да се зголемува и сите психолошки ќе се подготвуваме за враќање на животот во нормала.
„Иако сите постепено се подготвуваме за враќање на животот во нормала, мора да сме свесни дека и понатаму ќе мора да бидеме многу внимателни и да ги почитуваме мерките“,
вели Заев во видеоизјавата.