Кумановскиот суд донесе пресуди за седум кумановци кои не ја почитувале забраната за движење.
Во денешното соопштение од Судот се наведува дека пресудите се донесени врз основа на поднесени предлози за издавање казнени налози од Основното јавно обвинителство Куманово, а за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Основниот суд Куманово, се посочува во соопштението, вчера донесе седум пресуди. Шест лица се прогласени виновни и се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 61.500 денари. Едно лице е осудено на парична казна од 50 дневни глоби.
„За време на пандемија, прогласена од СЗО, обвинетите постапиле спротивно на одлуките на Владата 25 март и од 3 април со кои се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21 часот до 5 часот и од 16 до 5 часот“,
објаснуваат од Судот во Куманово.