Основното јавно обвинителство Битола побара парични казни од по 2 000 евра за три лица кои вчера не го почитувале полицискиот час.
Како што соопшти ОЈО, тие за време на полицискиот час се движеле на повеќе локации каде што биле затекнати од полициски службеници од СВР Битола.
Со тоа сториле кривично дело по член 206 став 1 од КЗ за непостапување по здравствените прописи во време на епидемија.