Експремиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ најавува финансиска поддршка за редовно печатење на „Преспа“ – весник на заедницата на Македонците во Албанија.
Оттаму велат дека на тој начин го помагаат информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик, а со тоа и активностите на заедницата, кои се во функција на афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет, како и унапредувањето на нивните положби и права.
„Деновиве логото на фондацијата ‘ЗАЕВ – Едно општество за сите’ се најде на насловната страна на најновиот (јулски) број на ‘Преспа’ – весник на заедницата на Македонците во Албанија, како сведоштво за поддршката на нашата фондацијата за понатамошното редовно излегување на овој весник. На тој начин, фондацијата го помага информирањето на Македонците во Албанија на македонски јазик, а со тоа и активностите на заедницата на Македонците во нашиот западен сосед, кои се во функција на афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет, како и унапредувањето на нивните положби и права“,
соопштија од Фондацијата.
Експремиерот Зоран Заев, пак, на Фејсбук објави дека чест и обврска е да се дава поддршка на употребата на македонскиот јазик.