За татко ми обновата на заедницата во Скопје беше многу важна. Создавањето градска порта во центарот на градот каде што луѓето навистина можат да се соберат и да почувствуваат дека заедницата повторно постои. Истата функција за него ја има и обединетиот плоштад, вели синот на познатиот архитект Кензо Танге
За татко ми Скопје беше многу важен проект и сакаше да биде дел од обновата на градот по разурнувачкиот земјотрес. По Хирошима, ова му беше второ искуство на соочување со тешки катастрофи.
Вака во интервју за „Дојче веле“ (ДВ) Пол Танге зборува за неговиот татко Кензо – јапонски архитект, и неговата улога во обновувањето на Скопје по разорниот земјотрес пред 60 години – на 26 јули 1963 година.
„Во сеќавање ми е останато дека тој многу размислуваше како може да им даде живот, надеж на луѓето, првин како човек, а потоа како архитект? Размислуваше како професионалец да создаде архитектонска или плански мудра идеја за да им даде на луѓето надеж да продолжат напред. Така, за него обновата на заедницата во Скопје беше многу важна. Создавањето градска порта во центарот на градот каде што луѓето навистина можат да се соберат и да почувствуваат дека заедницата повторно постои. Истата функција за него ја има и обединетиот плоштад. Повторно, место каде што луѓето можат да се соберат. Заедно сме, без разлика дали сме на реката од едната или од другата страна. Сакаше луѓето да чувствуваат дека се заедно. Значи, за него тој простор на заедницата, создавање на центарот на градот каде што луѓето можат да се соберат беше многу важен. Но, исто така, да не заборавиме на уништувањето на минливоста. Значи, што и да останало, тој се трудел да го зачува за луѓето да сфатат што било порано, а што потоа“,
зборува Пол Танге.
Обновувањето на Скопје, вели тој, бил првиот странски проект за татко му. Кога видел дека 70 отсто од градот е урнат, а останале само 30 отсто од објектите, тој сметал дека е значајно да се сочува таа историја.
„Затоа го создал Градскиот ѕид, кој е вертикален простор за живеење, но всушност обиколување на она што останало во градот Скопје по уништувањето од земјотресот. Размислувал како урбанист, урбан проектант“,
вели Пол Танге.
Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.