Експертот на СЗО предупредува дека новиот коронавирус нема да исчезне толку бргу
Луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило бидејќи новиот коронавирус ќе биде присутен уште некое време, оценува експертот на Светската здравствена организација (СЗО), Дејвид Набаро.
Во разговор за радио Би-би-си тој вели дека општествата мора да се приспособат и „да научат да живеат со новата реалност“ бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време.
„Овој вирус нема да си замине, не знаеме дали луѓето кои го имале ќе бидат имуни по него, и не знаеме кога ќе ја имаме вакцината“,
објаснува доктор Набаро.
Поврзана вест
СЗО: Немаме доволно информации дали опоравени од ковид-19 можат повторно да заболат
Тој истакнува дека носењето маски, одржувањето физичка дистанца и заштита на ранливите групи мора да стане навика бидејќи симптомите од оваа болест, колку и да се благи, треба да се сфатат сериозно.
Доктор Набаро, исто така, предупредува на опасноста на пазарите како оној во Вухан каде што на самото место се убиваат и се консумираат животни, како и на консумирање диви животни.