Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, побара да се испрати соодветен медицински персонал во Прилеп, а пред сè инфектолози. Тој вели дека потребно е масовно тестирање на тамошните жители и резултатите да стигнуваат побрзо.
„Информациите од Прилеп се дека луѓето чекаат по 5-7 дена за резултат. Тоа е недозволиво долго време. Драгоцено изгубено време, зашто доколку навреме се детектира вирусот и веднаш се почне со терапија многу поголеми се шансите. Да се дозволи поголема слобода во однос на проценката на матичниот лекар за креирање упати преку системот мој термин, да се направи скрининг на здравствениот персонал. Тие се нашите херои и се на првата борбена линија“,
вели Николоски.
Тој додаде дека во Прилеп е потребна помош од другите болници во земјава, но и да се зајакнат капацитетите на Битолската клиничка болница, како најголема болница во околината на Прилеп.