СДСМ со реакција откако ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека го штити криминалот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на „црната листа“ на САД поради сомнеж за корупција
ДПМНЕ е политичка партија чие седиште е сместено во криминална зграда, конфискувана Бела палата, дивоградба, партија чиј почесен претседател е на „црната листа“ на САД. Со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, со стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ, со јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение, реагираат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека го штити криминалот на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој се најде на „црната листа“ на САД поради сомнеж за корупција.
„До каде е случајот за белата палата на ДПМНЕ? Дали има и други случаи коишто седат во фиока, како на пример ‘Делчевски ниви’? Или случајот ‘Моќник’ за Антонијо Милошоски? ДПМНЕ нека ги прашаат надлежните институции до каде е случајот ‘Делчевски ниви’ и до каде е случајот на Антонијо Милошоски“,
велат од СДСМ.
