Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, во интервју за „360 степени” дадено во септември 2019 г., откри дека непосредно пред да биде потпишан Договорот од Преспа, преговорите за малку ќе пропаднеле. „Не беше лесно да најдеме консензус за сите прашања. Да, постоеше еден момент пред конечниот договор, еден викенд, кога ги фрливме пенкалата и јас и Зоран и г. Коѕијас и г. Димитров и рековме – не можеме да најдеме заеднички јазик“ – вели Ципрас во интервјуто. Но, додава тој, надвладеала логиката и бил постигнат историскиот договор помеѓу двата соседи. Погледнете го разговорот со Ципрас на петгодишнината од потпишувањето на договорот од Преспа со кој беше решен деценискиот спор меѓу двете земји: