Засега сме во комуникација со Јавното обвинителство. За кривична пријава ќе одлучиме заедно, најави дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, во врска со ставот на поглаварот на ИВЗ
Министерството за внатрешни работи, со сите свои припадници, е апсолутно подготвено да одговори на сите задачи за време на полицискиот час кој ни претстои викендов, истакна вечерва дополнителната заменик- минитерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во гостување на ТВ 24.
Таа појасни дека 544 полицајци кои биле приправници ќе ги добијат во целост своите овластувања, заради зајакнувањето на капацитетите за време на карантинот.
„Засега успешно менаџираме со бројот на полициски службеници и генерално овластени лица во Министерството кои се на располагањ. Но она што треба да се има предвид и што ѝ го предложивме на Владата, а беше усвоено, е дека оние 544 полицајци кои беа приправници, а сега веќе не се, ќе ги добијат во целост своите овластувања, токму за зајакнувањето на овие капацитети“, .
рече Петровска
Таа додаде дека мора внимателно да се распределуваат сите полициски службеници кои се на располагање, да не ги оптоваруваат премногу, но, сепак, да бидат во доволен броји на позиции кои се нужни, за да може да ги извршуваат своите задачи.
„Уште од првиот момент кога беше прогласен карантин, односно затворање на општините Дебар и Центар Жупа, полицијата навистина во кус период успеа да се активира и да се постави согласно она што се нејзините задачи. Исто ќе биде и за време на викендот, така што МВР, со сите свои припадници, е подготвено да одговори за спроведување на препораките и мерките на здравствените власти и на Владата“,
додаде Петровска.
За ставот со поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, кој се закани дека ако Владата не ги исполни неговите услови и барања за финансиска помош, ИВЗ ќе ги повика граѓаните и верниците да се вратат во џамиите и да не се почитуваат мерките, Петровска рече дека МВР интензивно ги следи информациите, а оваа изјава, како што оцени, предизвика вознемиреност кај граѓаните и кај институциите.
„Засега сме во комуникација со Јавното обвинителство. За кривична пријава ќе одлучиме заедно. Но, мислам дека секое непочитување на мерките е непочитување на самите на и на сите околу нас. Се надевам дека Реџепи, како поглавар на една верска заедница, ќе го преиспита својот став“,
рече Петровска.