Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во градот Струга со цел да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза, додаваат од бугарското МНР
Министерството за надворешни работи на Бугарија добило информација за напад извршен денеска врз претседателот на здружението на Бугари во Северна Македонија – „Шемето“ од градот Струга.
Оттаму посочуваат дека според првичните податоци, на жртвата ѝ била укажана лекарска помош и била примена во локална болница.
Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во градот Струга со цел да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза, додаваат од бугарското МНР.
Како што веќе објавивме, копретседателот на здружението на Бугарите во Република Северна Македонија „Шемето“, Бекир Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека бил претепан од непознато лице во градот Струга.
Како што рекол Кадриески, тој бил соборен на земја и клоцан, а бил удиран и со раце. Кадриески во изјавата за „Нова.бг“ кажал и дека при тепањето бил навредуван на етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.