Претседателот Стево Пендаровски денеска ја посетил лабораторијата во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) каде што се прават испитувањата за присуство на коронавирусот, соопштија од неговиот кабинет.
„Овде сум лично да ви ја искажам огромната благодарност во името на сите наши граѓани за сè што го правите. Охрабрува вашата професионалност и одговорност, посветеноста и смиреноста со која секојдневно ги извршувате вашите обврски. Ви порачувам да се чувате, секој поединечно, и како тим и како семејство“,
им порачал Пендаровски на вработените.
Вработените во лабораторијата, посочуваат од неговиот кабинет, работат поделени во три тима, по систем на ротација на секои три часа, обработуваат од 50 до 70 примероци.