Неблагодарно е да се шпекулира со бројки за отпуштени работници како последица на кризата од ковид -19, бидејќи секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со корона кризата, се наведува во соопштението на владата за одлуките од денешната седница.
„Во Агенцијата за вработување секојдневно се случуваат одјави и пријави, но тие не може да ни го дадат точниот одговор, бидејќи некој кој останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место. Тоа не губење на работа“,
се наведува во соопштението на владата.