Премиерот Оливер Спасовски, вечерва преку социјалните мрежи ги повика граѓаните кои останале без работа да побараат надоместок од Центрите за вработување.
„Граѓаните што останале без работа да поднесат барање за паричен надоместок за прекин на работен однос, во Центарот за вработување во местото на живеење, во рок од 30 дена од денот на престанокот на работниот однос. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос“,
напиша Спасовски на Фејсбук.
Детални информации како може да се искористи ова право можат да се најдат на страницата на Агенцијата за вработување.