Нема заразени од коронавирус во македонската Влада, информира, на денешната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.
Одговарајќи на новинарско прашање дали има информации за заразени од ковид-19 меѓу политичарите во земјава и меѓу избраните и именувани функционери, Филипче рече дека нема информации за тоа. Посочи дека, бројката на избрани и именувани лица во повеќе државни институции е голема, така што не би можел да даде конкретни податоци за тоа.
„Што се однесува до Владата, можам да кажам дека нема инфицирани“,
рече Филипче, објаснувајќи за своите колеги – министри на „Илинденска“.