Коментирајќи ја петицијата што ја покренаа дел од средношколците за откажување на државната матура поради состојбата со коронавирусот, министерот за образование Арбер Адеми вели состојбата сè уште се анализира и сите опции се отворени.
Се разгледува и опцијата за одложување, но и за укинување на државната матура.
„Ја следиме ситуацијата и сите опции се на маса. Во повеќе наврати дискутиравме и на седница на Влада, но и во главниот координативен кризен штаб. Нема простор за загрижување бидејќи секоја наша одлука ќе биде во интерес на учениците и никој нема да биде оштетен, но сепак треба да се направат и дополнителни анализи со сите предизвици со кои се соочува и прашањето на државната матура. Сите опции се на маса, и опцијата за пролонгирање на државната матура, но и опцијата за укинување на државната матура. Така што, водени по најдобриот интерес на нашите средношколци, ќе одлучиме“,
порача Адеми на прес-конференција.