Во постапките не одлучува министерот, вклучено е и упатство за работа, има и комисија, има и рецензенти и експерти кои имаат долгогодишно работно искуство во овие работи, вели министерот за образование и наука

Постапките од Законот за учебници се почитуваат, вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
„На првиот повик се појавија повеќе од 10 компании, значи имаат пристапна конкуренција. Исто така, во постапките не одлучува министерот, вклучено е и упатство за работа, има и комисија, има и рецензенти и експерти кои имаат долгогодишно работно искуство во овие работи“,
рече денеска министерот Шаќири во одговор на новинарско прашање за начинот на избор на фирма во тендерските услови за учебниците, за време на денешната прес-конференција поврзана со безбедноста на училиштата.
Шаќири вели дека во буџетот се обезбедени средства за целосно да се исполнат барањата на основните и средните училишта оваа учебна година. Исто така, како што рече министерот, има буџетски средства и наредната учебна година да се обезбедат учебници за сите основни и средни училишта.
„Значи, ќе имаме учебници, буџетски средства за сите основни и средни училишта вклучувајќи и странски јазици кои се подолг период“,
додаде Шаќири.
Тој ги повика сите страни да ги следат сите постапки, од начинот на одобрување, начинот на согласност, да бидат вклучени во целиот процес на издавање, односно одобрување на учебник за странски јазик, исто така и во постапките за печатење на учебниците.