На терен се излезени полициски екипи и се врши увид. Од она што може да се види, едно од возилата е целосно уништено од огнот

Три автомобили утринава се опожарени на улицата „Цветан Димов“ во близина на Бит-пазар. Пожарот бил пријавен околу 3 часот по што екипи на Противпожарната единица интервенирале и го изгаснале.
На терен се излезени полициски екипи и се врши увид, а детали сè уште нема.




Од она што може да се види, едно од возилата е целосно уништено од огнот. Возилото паркирано десно од него, според трагите што сведочат за пожарот, е сериозно оштетено, особено левата страна, а огнот ја зафатил и десната страна на автомобилот марка „опел астра“. Засега нема официјални информации за настанот.
Освен материјалната штета, нема информации за повредени.