Несреќата се случила синоќа околу 21 часот помеѓу возило „ауди“ кое го управувало загинатото момче, и автомобил „хјундаи аксент“ во кој зад воланот бил 43-годишник кој завршил со тешки повреди
Во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица загина 25-годишно момче од Карбинци.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во информира дека
Несреќата, како што информираше портпаролката на СВР Штип Гордана Панајотова, се случила синоќа околу 21 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман и во неа учествувале два автомобили со штипски регистарски ознаки – „ауди а5“ и „хјундаи аксент“.
25-годишното момче што загинало го управувало „аудиото“, додека зад воланот во другото возило бил 43-годишник од Стар Караорман.
Момчето загинало на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Другиот возач, пак, имал тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Штип и јавен обвинител.