Како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарски прашања, уставните измени и промената на државниот грб се два процеси кои не се поклопуваат еден со друг
Темата за промена на државниот грб, по неколку години откако првпат беше отворена, вчера во јавниот дискурс ја врати универзитетскиот професор по политички систем и поранешен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски. Тој во гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител рече дека треба да се бараат креативни решенија за да се дојде до потребното двотретинско мнозинство за уставните измени, а едно од нив може да биде државниот грб
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, работната група за вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот е затворена тема и за него и за партијата, но промената на државниот грб е тема за која треба и може веднаш да се почне постапка во Собранието.

Како што рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања, уставните измени и промената на државниот грб се два процеси кои не се поклопуваат еден со друг.
Инаку, темата за промена на државниот грб, по неколку години откако првпат беше отворена, вчера во јавниот дискурс ја врати универзитетскиот професор по политички систем и поранешен пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Спасеновски. Тој во гостување во „Дневникот“ на ТВ Сител рече дека треба да се бараат креативни решенија за да се дојде до потребното двотретинско мнозинство за уставните измени, а едно од нив може да биде државниот грб.
„Тоа се два процеси кои се паралелни, еден со друг не се поклопуваат. Повторно ќе кажам – промени на Уставот во овој собраниски состав, под бугарски диктат, нема да има. Тоа е затворена тема за мене. Инаку, да, бидејќи веќе имаме консензус во минатото за промена на државниот грб, јас мислам дека тоа може веднаш да го почнеме во рамките на парламентот и го повикувам Ковачевски, го повикувам Али Ахмети и останатите кои тогаш се согласија на оваа измена, веднаш да ја почнат иницијативата за промена на државниот грб, бидејќи мислам дека тој хералдички знак е добар момент кој ќе обезбеди единство во Македонија. Јас, како што се сеќавам, тогашната влада консензуално предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која дел беше и ДУИ, се согласи овој хералдички знак да биде национален грб на Македонија наместо овој кој сè уште влече реминисценција од времето на комунистичка Југославија“,
рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по отворањето штаб на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска.
Во врска со уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика премиерот Димитар Ковачевски „да не биде кукавица“ и час поскоро да ги достави измените во парламентот, па да видиме дали ќе поминат.
Мицкоски рече дека доколку Ковачевски обезбеди 80 гласа во Собранието за уставните измени, тој ќе се повлече од политиката.
„Ова се моменти кога човек треба да одбере и ова се моменти кога ние како ВМРО-ДПМНЕ јасно одбравме, а тоа е народот, страната на народот и тука нема дилема. Затоа, еве го повикувам да не биде кукавица, ако му е толку мерак, бега од избори, го поставија таму без да излезе на избори, нека ја достави оваа иницијатива во парламентот, нека не чека, нема да се смени ништо, ни во мај ни во јуни ниту во септември ниту во октомври. Јас јавно го кажувам тоа. Нека ги достави во парламентот, ако има 80 пратеници, како рековме, јас заминувам од политиката, тој продолжува да биде премиер. Ако нема 80 пратеници, тогаш треба да одиме на избори, затоа што неговата политика е поразена“,
рече Мицкоски.
Инаку, идејата за ново решение за државниот грб која вчера ја спомена универзитетскиот професор Спасеновски потекнува од 2014 година кога владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски излезе со таков предлог.
Станува збор за црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Меѓу објаснувањата на тогашната власт беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од советската хералдика.
Тогаш ДУИ се согласи на ваков државен грб, нагласувајќи дека лавот е дел и од албанската традиција, а го има и во грбот на градот Тирана. Круната, пак, рекоа, го претставува Скопското кале.