Во Македонија нема возрасна група што значајно се изделува во однос на бројот на заразени од коронавирус, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје.
Од вкупно 483 случаи, околу 400 отпаѓаат на четири возрасни категории со речиси идентичен број заразени – по околу сто, и тоа: групата на возраст од 30 до 39 години, од 40 до 49, потоа групата на возраст од 50 до 59 и возрасната група над 60 години.
Ако, сепак, треба да се издвојат одредени групи, тоа се оние на возраст од 0 до 9 и од 10 до 19 години: двете заедно имаат околу 35 заболени.
Инаку, возраста на заболените се движи од 2 до 91 години, со просек од 44,9 години. Највисока специфична инциденца е регистрирана во ворасната група од 50-59 години – 34,5 на 100.000 жители.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 230 машки и 253 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 22,2 на 100.000 жители, додека кај женските 24,5/100.000.
За споредба, еве ја дистрибуцијата по возрасни групи во Хрватска: