Сепак, претседателот на САД рече дека сè уште не е подготвен официјално да го објави тоа
Акуелниот американски претседател Џо Бајден (80) денеска изјави дека планира да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, но дека сè уште не е подготвен официјално да го објави тоа.

За време на неформален разговор на денешната традиционална велигденска церемонија во Белата куќа, на новинарско прашање на уште колку велигденски церемонии во претседателската резиденција има намера да учествува, Бајден рече дека планира да учествува на уште најмалку три или четири вакви настани.
„Планирам повторно да се кандидирам, но сè уште не сме подготвени да го објавиме тоа“,
рече Бајден во интервјуто за емисијата „Тудеј“ која се емитува на американската телевизија Ен-би-си.
NEW: TODAY’s @alroker asks President Biden about his possible Presidential run in 2024. pic.twitter.com/3OELi0yJmK
— TODAY (@TODAYshow) April 10, 2023
Ен-би-си објави дека Бајден има намера да биде кандидат на Демократите во 2024 година и да влезе во трката заедно со потпретседателката Камала Харис.
Соработниците на Бајден рекоа дека официјалното соопштение за кандидатурата на Бајден за претседателските избори во 2024 година може да се објави овој месец.