Во објавата тој го прозива и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, за кого вели дека „штом ќе се разбуди наутро, веднаш ги мрази Србите“

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, повторно најавува отцепување од Босна и Херцеговина, овој пат поради одбивањето на Федерацијата да биде дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
Пораката тој ја испрати преку Твитер.
„Република Српска ќе стане независна држава бидејќи во БиХ не можеме да бидеме дел од регионалните иницијативи кои би можеле да ни користат. ’Отворен Балкан‘ е добра иницијатива, но во Сараево не мислат така“,
вели Додик.
Во објавата тој го прозива и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, за кого вели дека „штом ќе се разбуди наутро, веднаш ги мрази Србите“.
„Но, ние живееме во невозможна земја во која некои амбасади вежбаат врз нас, но и тоа ќе помине еден ден. БиХ е полигон за обука на американскиот амбасадор, но и тоа ќе помине“,
напиша Додик.
Република Српска ће постати независна држава јер у БиХ не можемо бити дио регионалних иницијатива које би нам могле бити од користи.
— Милорад Додик (@MiloradDodik) April 7, 2023
“Отворени Балкан” је добра иницијатива, али у Сарајеву не мисле тако. Денис Бећировић чим се пробуди, одмах мрзи Србе. Али живимо у немогућој земљи… pic.twitter.com/wauI6ddbKk
Непријателските тонови кон Западот, наспроти наклонетоста кон Русија, Додик постојано ги истакнува во неговите јавни настапи. За потсетување, неодамна владата во Република Српска одлучи да ја прекине соработката со амбасадите на САД и Велика Британија, на што американската страна реагираше дека Република Српска тргнала по многу опасен пат.
Додик инаку е на црната листа на овие две држави од 2017, односно од 2022 година.