Финска беше примена во членство во НАТО на денешниот состанокот во Брисел на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, на кој учествува и Османи
Финска е нова членка на НАТО. Историски момент и важен чекор напред за понатамошно зајакнување на трансатлантската стабилност, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот профил на Фејсбук по повод приемот на Финска во членство во Алијансата.
„Северна Македонија, како членка на НАТО, е силен поддржувач на политиката на Отворени врати на Алијансата. Очекуваме што поскоро Шведска да стане дел од трансатлантското семејство како значаен влог во понатамошното зајакнување на Алијансата и зачувувањето на безбедноста на сите сојузници“,
наведе Османи.
Финска беше примена во членство во НАТО на денешниот состанокот во Брисел на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата, на кој учествува и Османи.
Одлуката на Финска да стане дел од НАТО стави крај на повеќедеценискиот неутрален статус на земјата во услови на согледани безбедносни ризици поради целосната инвазија на Русија на Украина. Оваа нордиска земја споделува 1 340 километри долга граница со Руската Федерација од каде што порачаа дека по пристапувањето во НАТО на соседна Финска, тие ќе преземат контрамерки.