Основното јавно обвинителство во Штип побара изрекување парична казна во вредност од 2 000 евра за едно лице поради сторено кривичното дело за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од Кривичниот законик.
Како што информира денеска Јавното обвинителство, обвинетиот не ги почитувал мерките и препораките на надлежните институции кои се однесуваат на спречување или сузбивање на натамошното ширење на заразната болест предизвикана од коронавирусот.
Откако му бил земен брис за утврдување на присуство на ковид-19, обвинетиот бил предупреден дека треба да продолжи да ја извршува должноста за самоизолација сè до добивање на резултатите од тестот. Но, обвинетиот го напуштил домот и отишол на посета кај друг штипјанец.
Обвинителството му предложило на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.