Бидејќи Северна Македонија е земја која со двете свои езера веќе докажала дека ги претвора тие градови таму, значи Охрид и Преспа, во места за договори, верувам дека има и симболично значење што оваа наредна средба ќе ја одржиме во Охрид, вели косовскиот премиер во интервју за „360 степени“ на ТВ Алсат
Охрид и Преспа се места за договори и затоа има симболика во тоа што утрешната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, посредувана од Европската Унија, ќе се одржи таму, вели косовскиот премиер Албин Курти во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Тоа, според Курти, било одлука на високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

„Тој е во посета на Северна Македонија и бидејќи е соседна држава на Република Косово, исто така и на Србија и бидејќи е земја која со двете свои езера веќе докажала дека ги претвора тие градови таму, значи Охрид и Преспа, во места за договори, верувам дека има и симболично значење што оваа наредна средба ќе ја одржиме во Охрид“,
рече Курти во интервјуто.
Прашан за неговата теза изнесена на конференција одржана на почетокот на овој месец во Скопје, кога утрешната средба во Охрид ја поврза со „капитулацијата на Србија во Куманово“, Курти рече дека дека ситуацијата не е иста, зашто зборот капитулација се поврзува со војски и завршување на војни, а Србија и Косово не се во војна.
„Војната заврши пред околу 24 години. Беше 9 јуни 1999 година кога во Куманово се случи капитулација на Југославија на Милошевиќ и на неговите генерали, кои го потпишаа договорот во Куманово, за повлекување на сите српски сили тогаш до 20 јуни 1999 и така заврши војната и се ослободи Косово. Сега и Куманово и Охрид се во Северна Македонија, тие се во северозападна Македонија и во југозападна Македонија, но ова покажува дека Северна Македонија е место кое го има во фокус Западот. Заинтересиран сум за договор, одам со добра волја, со добри намери и со добра доверба, за да ги нормализираме односите со Србија. А, во Охрид не може да има капитулација на Србија, бидејќи ова веќе се случило во Куманово на 9 јуни 1999“,
изјави косовскиот премиер.
*ПОВЕЌЕ ВЕСТИ ОД ГОСТУВАЊЕТО НА КУРТИ ВО „360 СТЕПЕНИ“:
Одам во Охрид со добра волја и верба, но не можам да гарантирам за другата страна – вели Албин Курти
Курти за ЗСО: Србија сака кафе без филџан
Дали Курти го смени партнерот меѓу партиите на Албанците во Македонија?
Курти за косовското искуство со „Бехтел и Енка“: Имаше надуени цени и нетранспарентност
*ДРУГИ ПОВРЗАНИ ВЕСТИ СО УТРЕШНАТА СРЕДБА ВО ОХРИД:
(ВИДЕО) Со какви очекувања Борел отпатува за Охрид: Сите очи се вперени таму
Вучиќ во пресрет на средбата со Курти: Не планирам ништо да потпишам
(ФОТО+ВИДЕО) И Ескобар пристигна во Охрид за средбата меѓу Вучиќ и Курти
Собир на десничарите во Белград пред доаѓањето на Вучиќ во Охрид: „Не капитулирај“