Шефот на државата рече дека би се откажал и од целата плата ако владата излезе со таков предлог
Претседателот Стево Пендаровски го оцени позитивно новиот сет на мерки на техничката влада за надминување на економските последици од кризата со коронавирусот. Од друга страна, рече дека не биле соодветни предлозите што претходно циркулирале во јавноста за намалување на платите на целата администрација на ниво на минималец.
„Го поддржувам пакетот мерки со кој сите функционери од најниско до највисоко ниво, вклучително и јас, ќе земаме плата од по 14.500 денари во наредните два месец или колку што ќе биде потребно. Предлозите што претходно циркулираа во јавноста и предвидуваа изедначување на платата во целиот јавен секотор на ниво на минималец не се добри и не се соодветен одговор на ситуацијата“ ,
рече Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност, одговарајќи на прашање дали ги поддржува мерките што ги предложи лидерот на СДСМ Зоран Заев.
На новинарско прашање дали како шеф на државата би се откажал од целата плата, Пендраовски рече дека прв би се согласил со роа ако има таков предлог од владата.
Предлогот на Заев за намалување на платите на јавниот сектор, која наиде на многу реакции, посебно од синдикатите, не е дел од сетот мерки што го презентира владата. Лидерот на СДСМ претходно изјави дека мерките што тој ги презентираше се само предлози што владата може и да не ги прифати.