Д-р Дебора Биркс, член на Координативниот штаб за борба со коронавирусот во Белата куќа, на редовниот брифинг синоќа објави прогноза дека доколку во САД не се прави ништо можно е да се заразат од 1,6 до 2,2 милиони лица, од кои од 100 до 200 илјади би починале.
„Тоа е најлошо сценарио, додека најоптимистичното сценарио е заразеност до 200 илјади луѓе, доколку наредбите за карантин се почитуваат“, посочи таа порачувајќи дека клучно е да се остане во карантин.
Моментално, во задолжителен карантин се наоѓаат речиси две третини од вкупното население на САД.
На прес-брифингот, американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека досега од коронавирус биле тестирани еден милион Американци.
САД се прва земја во светот каде што од пандемијата на коронавирус досега се заразени 164 илјади лица, по неа е Италија со речиси 102 илјади заразени, додека Шпанија има речиси 88 илјади, а Кина – 82 илјади.
Поврзана вест
Во Централ парк во Њујорк се поставува полска болница за пациенти со ковид-19