Градот Њујорк го очекува бродот – болница на американската морнарица кој треба да пристигне денеска, а ќе служи за сместување на пациенти со ковид – 19.
Полската болница ќе биде сместена во популарниот Централ парк и ќе има 68 места.
Како што изјави синоќа гувернерот Ендру Куомо, болницата треба да биде отворена во вторник.
Проектот го изведува меѓународна христијанска хуманитарна организација, а ќе работи тим од доктори и медицински сестри од мрежата на „Здравствниот систем на планината Синај“.
Слична болница веќе работи во северниот дел на Италија, каде што има најмногу заразени со коронавирусот.
Моментално, во градот Њујорк се регистрирани речиси 34 илјади случаи на коронавирус, а досега починале 776 лица.