Пред седиштето на НАТО во Брисел предмалку беше подигнато нашето национално знаме кое од денеска ќе се вее заедно со знамињата на останатите 29 земји членки, откако Македонија и формално стана членка на НАТО.
„Сега ќе се веат 30 знамиња како симбол на нашето заедништво и солидарност. Ова е историски момент за Северна Македонија. Доаѓа после повеќе години посветеност и заложба за реформи. Во најдобриот дух на Алијансата и вистинска политичка храброст, Северна Македонија и Грција постигнаа историски компромис за проблемот со името. Договорот од Преспа го овозможи пристапот кон НАТО и придонесе за добрососедски односи и посветла иднина. Придружувањето кон НАТО е важно за Северна Македонија, за стабилноста на Западен Балкан и за меѓународниот мир и безбедност. Во времиња како овие, пријателите и сојузниците се поважни од кога било, а сега Северна Македонија ги има најдобрите пријатели и сојузници. Сите сме побезбедни и посилни заедно отколку сами. Добре дојдовте!“,
порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на церемонијата.
По ова со интонација на химната, на јарболот беше подигнато нашето национално знаме.
Вршителот на должноста шеф на Постојаната мисија на Северна Македонија во НАТО, Зоран Тодоров, на церемонијата порача дека ова е историски ден за НАТО, за сите граѓани на Северна Македонија.
„Тука сме, стоиме цврсто и стабилно пред Штабот на НАТО конечно заедно со сите сојузници. Нашето знаме се виори со сите други земји на НАТО, сојузници. Нашата иднина ќе биде стабилна и просперитетна и ќе носиме одлуки за најважните прашања. Од сега натаму не сме сами. Свесни сме дека НАТО не е само за наша заштита и безбедност. Како мала земја која ја доби својата независност пред речиси 30 години на мирен начин, прашањето за нашата безбедност е прво и најаважно прашање. Но нашето пристапување кон НАТО потврдува едно поважно постигнување- гаранција за нашите заедички демократски вредности, вредности на модерниот свет напарламентарните демократии во светот- човековите права, владеење на правото, добро владење и социјална заштита., кои ние ги споделуваме“,
истакна Тодоров.
Тој истакна дека членството во НАТО е триумф на три интегрални сегменти на нашата влада- надворешната политика и дипломатијата, армијата и мудрата и темелната одбранбена политика. „Но над се’, тоа е триумф на целото македонсо општетсво и на сите граѓани“, рече Тодоров.
Истовремено, македонското национално знаме беше подигнато и пред Командата на сојузничките сили во Норфолк, САД.
Поврзана вест