Пожарот е локализиран, а противпожарните екипи дејствуваат по рабовите на пламенот за да се спречи негово ширење кон објекти во близината

Пожар попладневно избувна во месноста Дебело поле во близина на охридската населба Радојца Новичиќ, северно од градот. Во пламен е трска и нискостеблести растенија, јави дописникот на МИА.
На терен излегле четири возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Охрид. Пожарот е локализиран, а противпожарните екипи дејствуваат по рабовите на пламенот за да се спречи негово ширење кон објекти во близината.
Според проценките, опожарена е површина од околу три илјади квадратни метри.
Причините за пожарот засега не се познати, но според пожарникарите најверојатно се работи за човечки фактор.