Претходно високи државни и партиски делегации под силно полициско обезбедување и строго одреден протокол за движење положија цвеќиња на гробот на Делчев
Полицијата почна да пропушта групи граѓани во црквата „Свети Спас“ кои на Скопското кале денеска дојдоа да му оддадат почит на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Претходно високи државни и партиски делегации под силно полициско обезбедување и строго одреден протокол за движење положија цвеќиња на гробот на Делчев.
На барикадите се останати уште 50-ина граѓани кои чекаат полицијата да ги пропушти до црквата.
Полицијата не дозволуваше пристап до црквата „Св. Спас“, а улиците беа затворени уште пред три дена.