Тројцата мигранти ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се сокриле помеѓу кутиите, велат од Царинската управа

Царинската управа соопшти дека службеници од Царинската испостава „Скопје 1“ пронашле тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на камион со стока која била пријавена за увозно царинење.
Камионот со стока од кинеско потекло бил натоварен на пристаништето во Солун, а потоа и пломбиран со грчка пломба, но Суданците успеале да се сокријат.
„Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се сокриле помеѓу кутиите. Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на Царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на Министерството за внатрешни работи“,
соопштија оттаму.

