Во сообраќајни несреќи во западниот дел на Пакистан загинаа 51 лице. Во првата, автобус излетал од мост во клисура во југозападната покраина Балочистан. Автобусот од засега непознати причини удрил во столб, по што паднал од мостот и се запалил. Во него имало 44 патници кои патувале од градот Квета до соседната провинција Синд.
Помошникот на комесарот во Бела, Хамза Анџум Надим, кажа дека се извлечени телата на 41 лица, меѓу кои жени и деца, а спасени се тројца повредени патници. Загинатите биле целосно пеплосни, па за да се идентификуваат лицата, во Карачи се испратени ДНК примероци.
„Несреќата се случила поради преголема брзина и откако автобусот удрил во столб од конструкцијата на мостот. Набрзо се запалил откако паднал од мостот“,
вели Надим.
Во втората несреќа пак, 10 ученици загинаа во чамец кој се превртел во западниот дел од земјата. Во чамецот се превезувале голем број на деца, а засега 9 деца се водат како исчезнати, соопштија пакистанските власти.



