Милков вели дека бугарскиот премиер ќе има телефонски разговор со Димитар Ковачевски, во кој еден од главните елементи што ќе бидат побарани ќе биде обезбедувањето на безбедноста на бугарските граѓани воопшто, како и за тоа што ќе се случува на 4 февруари

Бугарија ќе бара по службен пат да им се обезбеди пристап на луѓето кои патуваат во Северна Македонија за да се поклонат на споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари, а на која прослава ќе присуствуваат и претставници на бугарската амбасада.
Ова денеска го соопшти министерот за надворешни работи Николај Милков на брифинг со новинарите на кој известуваше за сработеното на МНР за време на мандатот на преодната влада.
„На социјалните мрежи во Република Северна Македонија се организираат блокади на патот кон Скопје против ‘бугарските неонацисти’. Клучно е да им се обезбеди безбедност и спокојство на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено поклонување на овие прослави на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Ние не бегаме од таков дијалог“,
рече Милков.
Милков додаде дека бугарскиот премиер ќе има телефонски разговор со Димитар Ковачевски, во кој еден од главните елементи што ќе бидат побарани ќе биде обезбедувањето на безбедноста на бугарските граѓани воопшто, како и за тоа што ќе се случува на 4 февруари.
„Ние се залагаме за таква деескалација, но не треба да се врати на ситуацијата од пред една недела бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата“,
посочи Милков.
Шефот на бугарската дипломатијата посочи дека доколку Северна Македонија им го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан.
„Ако ова се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји членки имаат прогласено своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан“,
рече тој.
Бугарија, како што рече Милков, ќе бара гаранции од властите во Северна Македонија дека локалните институции ќе ги исполнат своите функции.
„Бугарите и луѓето со бугарска самосвест немаат доверба во македонските институции, поплаките што ги поднесуваат не се разгледуваат или ако се разгледаат добиваат негативен резултат, а овие Бугари стануваат жртви на малтретирање и закани“,
рече Милков.
Милков рече дека им треба уверување дека македонските институции ќе започнат со своите функции.
„Под овој притисок што се врши таму, Бугарите во Северна Македонија немаат многу опции – или да престанат со своите активности и да се поклонат, или да се вратат во Бугарија. Тоа мора да биде дел од нашиот дијалог таму за да може да се прекине овој маѓепсан круг – се жалат тие, а тоа им се враќа назад. Нападнат е бугарски клуб, членовите на тој клуб се повикани на распит во полиција и не се знае во кое својство. Ова е главниот проблем, што и какви механизми и да поставиме, ако институциите не работат како што треба, нема да има резултати“,
посочи тој.