Убиецот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат. Убиецот си го одзел животот во градот Торанс, на околу 30 километри од местото на злосторството, информира шерифот на округот Лос Анџелес
Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, е пронајден мртов во неговото комбе.
Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат.
„Сакаме да знаеме како се случи нешто толку страшно“,
изјави Луна, додавајќи дека убиецот си го одзел животот во градот Торанс, на околу 30 километри од местото на злосторството.
Откако уби десет луѓе во паркот Монтереј, Тран со пиштол упадна на прославата на кинеската Нова година во Алхамбра, но обезбедувањето успеа да го спречи од неговиот план.
Паркот Монтереј е град на околу единаесет километри од Лос Анџелес, а според податоците од американскиот попис околу две третини од нејзините жители се Азијци.
„Десет лица се ранети во престрелката, а седуммина се во болница, од кои некои се во критична состојба“,
изјави шерифот на прес-конференција во неделата попладне во паркот Монтереј.
Тој додаде дека се уште трае идентификацијата на загинатите и дека повеќето од нив се на возраст од 50 и 60 години, некои се и постари.
Масовното пукање, едно од најсмртоносните во историјата на Калифорнија, започна околу 22:22 часот по локално време во саботата во популарното студио за танцување „Стар Балрум“ во Монтереј парк, на околу 7 милји источно од Лос Анџелес.