Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Наутро температурата ќе биде 2, а во текот на денот ќе се искачи до 9 степени
Времето денеска ќе биде претежно облачно, а облачноста во поисточните делови ќе биде променлива. Од изутрина ќе има врнежи од дожд кои на места во попладневните часови ќе бидат обилни, информираат од Упрвата за хидрометеоролошки работи. На планините, а попладне и на некои повисоки места ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, додаваат од УХМР. Температурата во утринските часови ќе биде од -1 до 7, а во текот на денот од 2 до 12 Целзиусови степени.
Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Наутро температурата ќе биде 2, а во текот на денот ќе се искачи до 9 степени.
Утре во западните делови од земјата времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови, пак, облачно со пообилни врнежи од дожд, на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Ќе дува слаб променлив ветер, велат од УХМР. Утре најниската темпертура ќе биде -2, а највисоката 9 Целзиусови степени.
Во Скопје и утре времето ќе биде облачно со слаб локален дожд, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Утре во Скопје темпертурата ќе биде до 6 степени.