Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во изјава за бугарската БНТ вели дека луѓето со бугарска самосвест во земјава се подложени на многу тешки судења и дискриминација. За ваквата ситуација посочи дека ќе биде известен комесарот за човекови права во Советот на Европа.
„Бугарија ќе внимава на однесувањето на македонските власти за продлабочување на јазикот на омразата и навремено ќе бидат известени сите европски институции“
рече Јотова.
Според Јотова, Бугарија треба да одговори со сите средства во однос европските партнери и билатерално.
„Да беше до Кирил Петков уште во јануари без никакви услови од бугарска страна ќе го укинаше ветото, но фала богу не му беше дозволено“,
додава Јотова.
Инцидентот со охриѓанецот Христијан Пендиков кој заврши во болница во Софија беше осуден од страна бугарската , но и од власта во Северна Македонија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи утринава го посети Пендиков заедно со својот бугарски колега Николај Милков. Двајцата министри повикаа случајот да биде расчистен, напаѓачите да бидат казнети и насилството да престане.
Министерот Османи потенцираше и дека повеќе нема да се толерираат провокации ниту негирања на заедниците во Северна Македонија, како што нема да се толерираат провокации кон македонскиот народ.
„Прво, ние нема да дозволиме негирање на бугарската заедница, како што нема да дозволиме негирање на макеоднскиот народ. Затоа, сакам да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Северна Македонија со цел навреди и негирање на македонскиот народ, ќе мораме серизоно да го адресираме. Тоа да биде последно доаѓање во РСМ, значи за двете прашања ќе мора подеднакво“,
рече Османи.