Покрај овој пожар, низ Качанското поле горат стрништа и сува трева и на други локации, запалени како припреми за сеидба на обработливите површини, велат од ЦУК. Сепак, противпожарната единица интервенира на пожарот кај Горни Подлог, бидејќи според проценките тој претставува поголема закана во однос на другите
Поради брзото ширење на пламенот кон селото Горни Подлог, нашите пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат евентуално оштетување на куќите и другите објекти во близина, изјави Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани
Екипи на кочанската противпожарна единица од 18 часот интервенираат на запалено стрниште во близина на селото Горни Подлог, соопшти вечерва на Фејсбук Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментов, како што информираат оттаму, на терен се повеќе пожарникари со противпожарни возила, кои се обидуваат да го ставот пожарот под контрола, но силниот ветер го отежнува гасењето.
Покрај овој пожар, низ Качанското поле горат стрништа и сува трева и на други локации, запалени како припреми за сеидба на обработливите површини, велат од ЦУК.

Од Територијалната противпожарна единица од Кочани за МИА информираа дека четири нивни екипи со возила интервенираат на неколку локации, а најсериозна е состојбата меѓу селата Грдовци, Мојанци и Горни Подлог.
„Силниот ветер го отежнува гаснењето на оганот што се издига и по неколку метри, со оглед што гори сува слама и трска. Во атарот на Мојанци и покрај нашата интервенција, не успеавме да спасиме механизација за балирање слама и помошен земјоделски објект, кои целосно изгореа. Теренот е каллив и тешко пристапен, бидејќи во некои оризови ниви сè уште има вода. Поради брзото ширење на пламенот кон селото Горни Подлог, нашите пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат евентуално оштетување на куќите и другите објекти во близина. Слично е и кај Грдовци, каде огнот дојде сосема блиску до првите куќи на влезот во селото. Во текот на ноќта ќе бидеме дежурни на терен, а доколку се јави потреба ќе ангажираме дополнителни екипи“,
изјави Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.
Претходно и од ЦУК соопштија дека противпожарната единица интервенира на пожарот кај Гoрни Подлог, бидејќи според проценките тој претставува поголема закана во однос на другите.
„Во периодот од 13 часот до 16:15 часот ТППЕ Кочани интервенирала на запалено стрниште помеѓу селата Грдовци и Мојанци. Поради силниот ветер пожарот брзо се ширел и гасењето било отежнато. Во гаснењето на пожарот учествуваа 11 пожарникари со 6 ПП возила како и осум членови од ДППД со едно противпожарно возило“,
се наведува во соопштението на ЦУК.

Оттаму информираат дека е опожарена површина со сува трева од околу 30 хектари, а пожарот зафатил и неколку помошни простории – плевни и една машина балирачка.